понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Поточиња“ на 13 и 14 мај во Филхармонија, слават 20 години

„Поточиња“ на 13 и 14 мај во Филхармонија, слават 20 години

На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња.

За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( актерот Мартин Јорданоски ).

Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.