понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Бијонсе и Џеј Зи го срушија рекордот: Вкупно 176 номинации за престижната награда Греми

Бијонсе и Џеј Зи го срушија рекордот: Вкупно 176 номинации за престижната награда Греми

Еден од најпознатите светски парови, музичарите Бијонсе и Џеј Зи, го соборија рекордот и станаа уметници со најмногу номинации за Греми на сите времиња, со по 88 номинации.

Севкупно, оваа музичка двојка има 176 номинации за Греми, што е рекорд, а треба да се напомене дека Бијонсе е и најнаградуваниот музички изведувач во историјата, со дури 28 Греми. А само малку помалку успешен Џеј Зи. Раперот досега има освоено 21 Греми во сите четири рап категории, а моментално е изедначен со Канје Вест.