понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Музика

Бура од емоции: Стефан сними кавер-верзија на најубавата балада од Тоше Проески (ВИДЕО)

Бура од емоции: Стефан сними кавер-верзија на најубавата балада од Тоше Проески (ВИДЕО)

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски ја обработи најубавата балада на Тоше Проески и сними видео за неа.

-Годините поминуваат, но спомените остануваат… Затоа во твоја чест, најголем меѓу најголемите Тоше Проески, ја испеав една од твоите најубави балади со надеж твојот лик и дело никогаш да не згаснат, напиша Стефан под видеото од кавер-верзијата.

Аудио обработката на песната „Још увек сањам да смо заједно“ ја направи Дарко Ристовски, а видеото е снимено во просториите на продукцијата „ДРД Медиа“.

Величковски годинава повторно учествува во „Ѕвездите на Гранд“ и негов ментор е рокерот Ѓорѓе Давид Николиќ. Минатата година негов ментор беше атрактивната пејачката Вики Миљковиќ која лавовски се бореше за него.