вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Џокерот на Антониа остана САМ! (ВИДЕО)

Џокерот на Антониа остана САМ! (ВИДЕО)

„Сам, ме срони до грам. На стори нов блам, до зори во стан“ – овие се првите зборови од најновата песна на македонскиот Џокер, која носи наслов „Сам“.

По „Такси“, Џокер овојпат повторно „удира“ со уште една контроверзна песна која веќе на големо се коментира на социјалните мрежи…

Автор на музиката е Џокер во соработка со Чеис, кој го напиша и текстот. Микс и мастеринг направи добро познатиот Ивајо, а режисер на видеото е младиот и одличен Дарко Јовановски.

„Песната е одлична, мене многу ми се допаѓа. Позитивни критики добив и од најблиските луѓе околу мене, а гледам дека и на останатите им се допаѓа. За разлика од претходната песна „Такси“, ова е нешто сосема друго и поразлично од мене“ – накусо изјави Џокер.

Инаку како што повеќето знаете, Џокер всушност е Роберт Спасенцовски, сопругот на музичката ѕвезда Антониа Гиговска.