Во медиумите ширум регионот одекна веста дека се распадна познатиот бенд „Прљаво казалиште“. Како што беше потврдено за „Јутарњи лист“, по 45 години момците од бендот решија да се разделат.
Со години плачеме со познатата песна на групата „Прљаво казалиште“, а една од нивните најтажни балади се смета „Таа ноќ кога се омажи“ која излезе во 1993 година.
Песната е заснована на вистински настан, а доколку некогаш ви била тажна, не е тоа ништо во споредба со она што ќе биде кога ќе ја слушнете позадината на приказната на која се заснова песната.
Според легендата која следи „Таа ноќ кога се омажи “, лидерот на бендот Јасенко Хоура имал девојка која му била се. Раскинале кога тој отишол во војска, но таа му ветила дека ќе го чека.
Меѓутоа, кога се вратил од војска, на една свадба имал закажана свирка со бендот, која се испоставила дека е нејзина!
Лидерот на бендот никогаш не зборувал за ова, но се вели дека девојката по венчавката се застрелала со пиштол во глава.