Енергијата на младите изведувачи и модерниот ритам, рамо до рамо со искуството и талентот на големите македонски музички ѕвезди. Дури и само оваа реченица е доволна за опис на тоа што можете да го очекувате од овогодинешниот Макфест.
Најавата на уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов дека од овој Макфест ќе излезат повеќе хитови од оние на Евровизија на почетокот звучеше како нескромна пофалба. Но кога на денешната прес конференција беа пуштени тонски парчиња од сите песни кои годинава ќе бидат претставени на Макфест, со неговата констатација се согласивме сите.
Макфест следниот викенд ќе ја сплоти публиката од цела Македонија. Но, сплоти и звучни музички имиња. По 30 години на грандиозната сцена се враќа Владо Јаневски. Тој на денешната прес-конференција одржа емотивен говор кој ги разбуди спомените во секој оној кој минативе 38 години бил дел од Макфест.
На 20-ти и 21-ви октомври 2023-та, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, на сцената ќе застанат и милениците на младата тинејџерска публика, но и тие најголемите ѕвезди.
Погледнете го официјалниот список на учесници:
Годинешниот слоган на фестивалот е „38 години Макфест – Фестивалска симфонија за цела Македонија“!
И така и ќе биде. Ваше е само да уживате. За оние кои нема да бидат во публиката во Штип, МРТ и Македонско радио ќе вршат пренос во живо.