вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Моќен вокал, светски спот и беспрекорен изглед: Тамара Тодевска го освојува регионот со „Нијагара“ (ВИДЕО)

Моќен вокал, светски спот и беспрекорен изглед: Тамара Тодевска го освојува регионот со „Нијагара“ (ВИДЕО)

Македонската поп-дива, Тамара Тодевска, денеска го промовираше својот најнов музички проект, насловен како „Нијагара“.

Новата песна на Тодевска е на српски јазик. Музиката и текстот се заедничко дело на пејачката и композиторот Лазар Цветковски.

Светскиот видео спот е направен под палката на Огнен Шапковски, кој уште еднаш докажа зошто е помеѓу најдобрите во својата област на нашите простори.

Тамара во спотот менува неколку аутфити, а во секој од нив изгледа беспрекорно и моќно.

„’Нијагара’ е за сите кои во одреден момент се почувствувале ранливо, да знаат дека на крајот има решение. А, тоа е да продолжиме со борбата“, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)