Шакира ја објави новата песна која се претпоставува дека е инспирирана од разделбата со Жерар Пике.
Во „Monotonía“, 45-годишната пејачка пее дека за несаканите случувања виновна е монотонијата.
„Не беше твоја вина, а ни моја. Виновна е монотонијата. Никогаш не реков ништо, но ме болеше. Знаев дека ова ќе се случи“ – е текстот со кој започнува песната.
Во спотот, славната музичарка е прикажана со солзи во очите и со срце откорнато од градите, кое на крајот го заклучува на сигурно место.
Во јуни, Шакира и Пике обајвија дека се разделуваат. Тие беа заедно 11 години и имаат две деца.
Кратко време по разделбата, Пике беше фотографиран со новата девојка.