четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Некст Тајм го промовираа филмскиот спот за „Кога падна на Пирина“: „Веруваме дека ќе ве направиме горди“ (ВИДЕО)

Некст Тајм го промовираа филмскиот спот за „Кога падна на Пирина“: „Веруваме дека ќе ве направиме горди“ (ВИДЕО)

За преработката на старата македонска песна „Кога падна на Пирина“, Стефан и Мартин од Некст Тајм направија филмски спот со кој ги воодушевија фановите.

Популарното македонско дуо Некст Тајм ги израдува фановите со уште една преработка на стара македонска песна.

Овојпат Стефан и Мартин направија преработка на песната „Кога падна на Пирина“, а вчера, 13-ти април, го промовираа и нивниот видеоспот.

Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан.

Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите се ништо помалку од воодушевени.

„Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“, изјавија Мартин и Стефан на промоцијата.

За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски.

Погледнете го новиот видеозапис на Некст Тајм: