понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Нина Јанева ги истури емоциите: „Ова е крај“! (ВИДЕО)

Се работи за балада со примеси на блуз, госпел и поп, каде што само во придружба на пијано и органа, Нина ги опишува своите чувства преку суптилна и моќна вокална интерпретација.

Новата песна на Нина Јанева е насловена „Ова е крај“.

Се работи за балада со примеси на блуз, госпел и поп, каде што само во придружба на пијано и органа, Нина ги опишува своите чувства преку суптилна и моќна вокална интерпретација.

Песната е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски. „Ова е крај” доби и свој видео запис за чија режија и реализација се погрижи  Александар Ристовски – Принц.