четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ОВАА ПЕСНА сите ја знаеме, а никој не забележал дека има голема ГРЕШКА и нелогичност во текстот (ВИДЕО)

ОВАА ПЕСНА сите ја знаеме, а никој не забележал дека има голема ГРЕШКА и нелогичност во текстот (ВИДЕО)

Песната “Bolje biti pijan nego star” ја знаат речиси сите, а таа се пее и до ден денес од многу генерации.

И понатаму е една од најпопуларните, а фронтменот на бендот „Плави оркестар“ зборуваше за текстот кој збуни многумина.

Сепак, во песната има една грешка и нелогичност, која пред неколку години ја призна и самиот Саша Лосиќ.

На почетокот на песната се пее “Žao mi je što smo bili samo dobri drugovi” (Жал ми е што бевме само добри пријатели), додека во рефренот работите се менуваат, па текстот гласи: “Vino ne zna da smo nekad bili sretni par” (Виното не знае дека некогаш сме биле среќен ПАР).

Тој пред неколку години призна дека песната ја напишал додека бил пијан и дека нелогичноста ја сфатил дури после 25 години.

Дали биле само пријатели или сепак биле и пар, останува слушателот да си ја толкува како сака. Песната е толку голем хит што оваа грешка ретко кој ја забележал.