недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Песната која сите ја сакаа крие тешка приказна: Кели ја посвети на нејзиниот татко кој најмногу ја повредил (ВИДЕО)

Песната која сите ја сакаа крие тешка приказна: Кели ја посвети на нејзиниот татко кој најмногу ја повредил (ВИДЕО)

Пејачката Кели Кларксон ја напишала оваа песна кога имала само 16 години за да го исфрли целиот бес, болка и депресија од себе.

Нејзините родители се развеле кога имала само 6 години, но разделбата со нејзиниот татко не било најстрашното нешто. Младата Кели морала да се справи со фактот што нема да ги гледа нејзините брат и сестра кои нејзиниот татко ги одвоил од неа.

Во песната „Because of you” која, како што еднаш изјави, ја напишала само за половина час, го изразила своето разочарување и бес кои ги чувствува кон нејзиниот татко. Поради него се плаши од врзување, но не сака да плаче бидејќи плачењето ја потсетува на него. Целиот нејзин живот чувствувала различни стравови, а сето тоа го врзува со отсуството на татко од животот, татко кој од неа зеде се, а најмногу ја болеше тоа што ја одбои од братот и сестрата.

Откако песната ја виде светлината на денот, таа направи толкава бура, која веднаш ја крена на првите места на светските топ листи. Се слуша и денес, а секогаш ги буди емоциите кај луѓето.