четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Серенада за Битола: Групата „Милениум“ со прекрасни стихови покажаа љубов кон градот (ВИДЕО)

Серенада за Битола: Групата „Милениум“ со прекрасни стихови покажаа љубов кон градот (ВИДЕО)

Битолската  група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион,  направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа  потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна,  па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера.

Градската серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“ беше неодамна промовирана и е посветена на нивната Битола.

„Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата „Милениум“.

Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, миксот, мастерингот и снимањето ги направил  Дејан Момироски во неговото „ХЛ студио Момироски“, а видеото го потпишува проверениот автор и режисер на видоспотоци, Даниел Јовески. Во екипата која учествуваа во снимањето биле уште и Гоце Миланоски, Љупчо Андрески, Елена Георгиевска, Галоп битолската коњаница и асистентот Никола Ставрески.

Извор: ВИСТИНА