петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Шакира најави нова песна, фановите со досетки: Пике сирената ја замени со сом

Шакира најави нова песна, фановите со досетки: Пике сирената ја замени со сом

Шакира и Пике, речиси година откако потврдија дека се разделија, се уште се една од темите за кои јавноста не престанува да зборува.

Се следи секое нивно движење, а пејачката која повторно прави бум во кариерата, сега најави дека кон крајот на јуни ќе претстави нова песна.

Во видеото Шакира е сирена, а токму нејзиниот костим ги инспирираше фановите за бројни коментари.

„Сега конечно можеме да кажеме – Пике замени сирена со сардина“, „Вистинска сирена“, „Дизни жали што ја претстави погрешната Ариел“, „Замени Ролекс за Касио, сирена за сом“, „Ова видео ќе биде таков хит“, се редат коментарите.