недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Шпанската претставничка на Евровизија ја ископира Дара Бубамара, па сега откриено е дека песната не била наменета за неа – туку за оваа славна ѕвезда

Шпанската претставничка на Евровизија ја ископира Дара Бубамара, па сега откриено е дека песната не била наменета за неа – туку за оваа славна ѕвезда

Песната „SloMo“ на пејачката Шанел, која оваа година ја претставува Шпанија на Евровизија, првично била наменета за поп-ѕвездата Џенифер Лопез, открива холандскиот весник BD.

Холандскиот продуцент Арјен Тонен ја напишал песната имајќи предвид дека ќе биде изведена од Џеј Ло, што има смисла со оглед на музичкиот жанр на песната.

Со регетон ритам и латиноамерикански призвук, се истакнува дека вакво нешто може да се слушне на подиумот за танцување во Порторико. Родителите на славната пејачка потекнуваат од овој остров и таа често зборува за својата гордост и поврзаност со околината.

Нејзината љубов и почит кон латино наследството ѝ даваат вистинска автентичност на нејзината музика – и не е ни чудо што таа се смета за пионер на латино поп жанрот на глобално ниво.

За жал на Џеј Ло, но за среќа на евровизиските фанови, таа никогаш не одговори на предлогот на Арјен и покрај неговото огромно искуство.

BD известува дека Тонен има повеќе од десет години искуство во музичката индустрија и дека, покрај неговата продукциска работа, стекнал слава и како диџеј Swacq.

Загубата на Џеј Ло во овој случај е добивка на Шанел Тереро бидејќи „SloMo“ се искачи на второто место на Spotify Global Viral листата.

Сепак, по фестивалот Benidorm и претставувањето на песната, пејачката беше обвинета за плагијат со копирање на песна на српската пејачка Дара Бубамара.

И покрај притисоците на социјалните мрежи, нејзината победа не беше повлечена, па Шанел ќе настапи во Торино каде се одржува годинашното издание на Евровизија.

Инаку, Шанел Тереро е Кубанка која со авоите родители на тригодишна возраст имигрирала во Каталонија, земјата на нејзините предци.