вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје

Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје

Светската група, експериментален секстет од Јанина, Грција – „VILLAGERS OF IOANNINA CITY“ првпат вечерва ќе настапат во Скопје. Концертот ќе се одржи во Младинскиот културен центар со почеток во 21 часот.

Овој музички состав, кој својата 45-дневна европска турнеја ја започнува токму во Скопје, постои од 2007 година и оттогаш ги освојува европските музички фестивали. Нивната музика се класифицира како пост, стонер и психоделичен рок со карактеристична полифонија, специфични ритми и употреба на фолклорна музика од Епир на кларинет, кавал и гајда.

Од нивното оформување до денес, имаат издадено три студиски албуми – “Riza” (2010), “Age of Aquarius” (2019) и последниот “Through space and time” (2021). Од самите нивни почетоци, Villagers of Ioannina City патуваат низ цела Грција, како и во голем дел од европските метрополи (Берлин, Амстердам, Барселона, Лондон). Нивните концерти вклучуваат вистински музичко-светлосен продукциски спектакл чија цел е да ја понесе публиката на мистично космичко патување. За тоа говорат и двата концерти во Атина во 2015 и 2019 со повеќе од 6000 присутна публика.

„Villagers of Ioannina City првпат во Скопје, се надеваме не и последен“ – изјавуваат организаторите од МКЦ.

Концертот е дел од културната понуда на Град Скопје како „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.  (МИА)