Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје, ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ што е закажана за 25 ноември во Минск, Белорусија.
Песната испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров, текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров.
Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.
Лани, на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји учеснички, завршивме на 12 – то место.