петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: По шест години пауза, Металика објави песна и најави нов албум

ВИДЕО: По шест години пауза, Металика објави песна и најави нов албум

Металика по шест години пауза објави песна насловена „Lux Aeterna“ и го најави новиот албум.

Спотот е објавен пред помалку од 24 часа, а веќе е прегледан близу 3 милиони пати. Обожавателите на овој бенд се воодушевени од нивното враќање на музичката сцена.

-Фактот дека песната е објавена без најава ја прави уште подобра, напишал еден обожавател.

Албумот „72 Seasons“ ќе биде објавен на 14 април следната година и ќе содржи 12 песни.

Металика во април ќе започне и светска турнеја која ќе трае до 2024 година.