Српскиот музичар и пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина пред една година, а сега по повод роденденот на неговата сопруга Оливра премиерно беше пуштена неговата необјавена песна „Роденденска“.
-Само еднаш бурно реагирав. Секогаш пишуваше за некои промашени, несреќни љубови, како љубовта не победува, како не стигнал или доцна стигнал кај нејзините сватови и така. И тогаш му реков: Напиши песна дека си заљубен во баба. Секако ми упати еден од оние погледи. И напиша песна, вели Оливера на промоцијата која се одржа пред нивната куќа.
Претставено беше и дополнето издание на антологијата љубовна поезија на Балашевиќ „Допири од свила“ , со негови необјавени песни.