Се повеќе луѓе тврдат дека Шакира во новата песна говори токму за нејзиниот однос со Пике, но и неговата љубов со Клара Марти.
Колумбиската пејачка во песната пее „Преголема сум за тебе, затоа си со некој како тебе“. Нејзините обожаватели веруваат дека токму овој текст е посветен за новата врска која ја има Пике.
-Кога ми требаше, ми ја даде најлошата верзија од себе, пее понатаму Шакира, а овој дел го поврзуваат со периодот на нивната разделба кога во исто време нејзиниот татко беше хоспитализиран во тешка здравствена состојба.
Шакира и Пике во јуни 2022 година објавија дека се разделуваат по 11 години поминати заедно. Парот има два сина на возраст од 9 и 7 години.