среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Вистина е дека Мартинијан има хит: Заслужена награда за младиот талент, еве што истакнува по успехот на „Макфест“

Вистина е дека Мартинијан има хит: Заслужена награда за младиот талент, еве што истакнува по успехот на „Макфест“

Повеќе години, КУРИР пишува за работата и талентот на македонскиот пејач Мартинијан Кириловски. Секогаш сме поддршка за младите таленти, особено за оние кои до својот успех стигнуваат со посветеност и труд. Затоа со голема радост информираме и сега за неговиот нов успех – второ место на „Макфест“.

Песната веќе ги освои симпатиите на публиката. Се вика „Вистина“.  Текстот и музиката се на Ристо Самарџиев, а аранжманот го потпиша Давор Јордановски.

Честитајќи му ја наградата на Мартинијан, го прашавме колку е задоволен од настапот и песната, а и какви беа неговите емоции по заслуженото признание.

-И покрај тоа што знаев дека настапот ќе биде одличен, проследен со силна позитивна енергија, чувствував и доза на одговорност бидејќи се појавувам како победник на Макфест 2019. На секој изведувач му е важно песната да остане, да се слуша и да се запамети. Остануваат да се слушаат само оние песни кои публиката ќе ги избере по завршувањето на фестивалот. Да бидеме искрени, секој очекува успех на фестивалот, но сепак се изненадив од реакциите и позитивните коментари за песната, но и од втората награда на фестивалот која со задоволство ја прифатив. Се надевам дека „ВИСТИНА“ ќе биде навистина слушана песна кај луѓето и дека ќе стане вистински хит, истакна младиот пејач во изјава за КУРИР.

Му посакуваме уште низа хитови и бројни награди.