недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„ЗНАМИЊАТА НИ СЕ СЛАБА ТОЧКА“ – лани во македонскиот спот се појави бугарското знаме, а еве зошто Ерменија во 2016 беше пеколно казнета!

„ЗНАМИЊАТА НИ СЕ СЛАБА ТОЧКА“ – лани во македонскиот спот се појави бугарското знаме, а еве зошто Ерменија во 2016 беше пеколно казнета!

Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг додека ја фотографираа во Торино го фрли македонското знаме на земја, па позираше без него, по што замина без да го подигне.

Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

По ова се огласи и МРТ која вели дека ја разгледуваат можноста да ја повлечат нашата претставничка од Евровизија.

Во меѓувреме не се знае дали овој скандал ќе го осудат и организаторите на Евровизија, како што тоа го направија во слични ситуации во минатото.

Имено официјалните лица на изборот за песна на Евровизија ја осудиле натпреварувачката на Ерменија која во текот на својот настап на 61-то издание на манифестацијата која се одржа во Стокхолм во 2016-та година, мавтала со знамето на спорната азербејџанска област Нагорно – Карабах.

Областа Нагорно-Карабах, повеќе населена со Ермени, е во состав на Азербејџан, но е под контрола на ерменските сепаратисти.

Европската радиодифузна унија, која е организатор на Евровизија го нарекла тој инцидент за „сериозно кршење“ на нејзината забрана на сите политички пораки на натпреварот.

Инаку лани во спотот на нашиот претставник на Евровизија се појави знаме кое наликува на бугарското што предизвика исто така голем револт кај јавноста.

Спотот беше сниман, во голем дел, во Даут-пашиниот амам во Скопје, и навистина, на двапати во видеото, се појавуваше експонат кој многу потсетува на бугарското знаме (доколку би било вертикално поставено). Иако истиот беше во втор план, поради големината, но и поради колоритот, добиваше значителен простор во кадарот и неизбежно паѓаше во очи.