Македонската мисица, балканска убавица, модел, пејачка… во што ли уште се’ не се проба Кристина Димитриевска, се соблече во бикини, го истакна сиот свој сексапил, па така распосланиот телесен раскош го сподели во јавноста со мудра мисла.
Имено, атрактивната тетовка на себе облече еден од светкавите костими за капење од најновата колекција на младата македонска модна креаторка Ива Спасовака, па покажа дека и така разголена може да блесне во сиот свој сјај.
Рекламната фотосесија крај базенот не само што помогна на многумина да им се разубави денот, туку македонската убавица реши одново да го докаже спротивното од она што многумина мислат – дека „убавината и умот“ не одат заедно!
За убавината фотографиите од бикини фотосесијата на Кристина самите по себе говорат, а како доказ за умствениот капацитет на убавите жени, мисицата своите пози ги зачини со нова доза мудри мисли. Или поточно со една – ама вредна, и тоа на англиски:
„Девојка во бикини е како да имате наполнет пиштол на вашата масичка за кафе – Нема ништо лошо во нив, но тешко дека ќе престанете да мислите на нив“ – напишала во споделениот пост покрај фотографиите дамата во сребрени бикини.
И не е далеку од вистината… Особено не за девојката во бикини. Превидот е во нешто друго: Не сечиј „пиштол е полн“ во секое време! Затоа и „добрите пиштолџии“ најдолго опстојуваат… Уште од времето на револверашите на Дивиот Запад, па се’ до денес! А девојките во бикини како Кристина Димитриевска…? Тие се како репетиран пиштол. Затоа кога се пред вас, тешко ќе ги тргнете и погледот и мислите од нив!