Како бомба, во јавноста одекна приказната на кандидатот на „Ѕвездите на Гранд“ Душан Вукадиновиќ дека пејачката Снежана Ѓуришиќ му барала пари за да помине во следниот круг на натпреварувањето.
Сега и пејачката Милица Тодоровиќ отворено го кажа своето мислење за аферата во музичкиот натпреват во кој таа беше учесник во 2005 година и рече дека не верува во такви наводи.
-Слушнав за тие глупости. Прочитав што се случило, дека натпреварувачот ја обвини Снежана Ѓуришиќ за земање поткуп. Мислам дека тоа е апсолутна глупост, сите тие луѓе ги познавам приватно, ја познавам Снежана Ѓуришиќ. Таа има свои пари, колку ќе треба да и даде? – искрено рече Милица.
Шпекулациите беа дека Снежана Ѓуришиќ од споменатиот кандидат побарала 200 евра.
-Нема шанси. Криво ми е што кај некои луѓе победува егото, не е добро тоа. Тогаш егото го контролира човекот, егото е најголемиот трујач на душата. Мислам дека тоа момче погреши. Не знам која е вистинската причина, но мое мислење е дека не е вистина, вели Милица.
Инаку, тврдењата на натпреварувачот Душан Вукадиновиќ ги демантираше креативниот директор на Ѕвездите на Гранд, Саша Поповиќ, додека Снежана Ѓуришиќ најави тужба против поранешниот натпреварувач на кој таа му беше ментор.