Aна Бекута кога пред шест години прославила три децении кариера, нејзината колешка Цеца Ражнатовиќ не ја испочитувала и не се појавила на прославата и поради тоа настанало недоразбирање.
„Како што се вели, ние сме цивилизирани луѓе. Имавме едно недоразбирање. Во 2015 година, прославив 30 години од мојата работа. Таа не се појави на таа моја забава и ми беше малку глупо. До неа стигнаа гласови дека сум лута. Меѓутоа, се сретнавме по некое време и го исправивме тоа недоразбирање. Сега функционираме на најнормален начин – истакна пејачката.
Што се однесува до учеството на Цеца во „Ѕвездите на Гранд“, еве што вели пејачката.
– Цеца се уште се прилагодува, јас би и рекла да биде она што е.Ја знаеме во приватниот живот, ја познавам од 1988 година, кога, мислам, за прв пат се појави. Јас и Цеца се знаеме долго време, дури и интензивно се дружевме во еден период, вели Ана.