Анастасија Ражнатовиќ го одржа својот прв настап пред 10 дена, во Париз, а како што рече сега, не очекувала дека ќе предизвика толкаво внимание.
По слетувањето на белградскиот аеродром ја чекаа бројни телевизиски екипи, што прилично ја изненади младата поп ѕвезда.
– Ме поздравија како да сум победила на Евровизија, а јас само имав настап како и секој друг пејач. Беше феноменално, публиката беше фантастична. Се чувствував како да настапувам по 101 пат, а не прв пат – изјавила Анастасија за „Детоксик“.
По настапот во Париз, таа откри и дали има амбиции да ја претставува Србија на Евровизија.
-Тие амбиции засега ги немам. Тоа е одлично за мене, но некако не размислувам во таа насока. Никогаш не кажувај никогаш, навистина ми е супер и зошто да не, еден ден ако има вистинска песна, би се пријавила и ќе видиме, но не засега – изјави Анастасија.