Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ужива во романса со фудбалерот Немања Гудељ, поради што замина во Севиља каде што тој игра, а од далечната Шпанија не престанува да објавува фотографии и видеа.
Пејачката не ја крие врската со спортистот, па секојдневно објавува фотографии со членовите на неговото семејство. Друштво ѝ прави и сестра му Вања, а сега таа се пофали со видео од забавата со свекрвата – Оливера Гудељ.
Анастасија сподели видео на Инстаграм со неговата мајка и сестра од забава и покажа како се забавуваат.
Едно е сосема јасно – Таса одлично се забавува со најблиските на Немања.