петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беквалац бара развод, нејзиниот сопруг уапсен по бруталниот напад

Беквалац бара развод, нејзиниот сопруг уапсен по бруталниот напад

Пејачката Наташа Беквалац, како што јавуваат српските медиуми, поднела кривична пријава против и натаму законскиот сопруг Лука Лазукиќ кој синоќа брутално ја претепал.

Медиумите пишуваат дека таа поднела и барање за развод за што поскоро да ја заврши драмата, а ќе бара и старателство над нивната едномесечна ќерка Катја.

-Лука Лазукиќ е уапсен. Очекуваме дека ќе му биде одредено задржување од 48 часа, а потоа и притвор поради опасност од повторување на делото. За сега толку. Наташа не мое ништо да говори за тоа, изјавил кусо адвокатот на пејачката.

Како што претходно објавија српските медиуми, инцидентот се случил утринава околу 4 часот кога Лука се вратил пијан дома. Наташа му пронашла љубовни пораки, по што започнала расправија во која Лазукиќ физички ја нападнал пејачката удирајќи ја со рацете и нозете.

Беквалац, според извори на српските медиуми, покрај видливите модринки и гребаници, доживеала и потежок потрес на мозокот.

Парот се венчаше во септември минатата година на Ибица.

Најнови вести