понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

БЕЗ ДЕНАР СУМ, А ДЕЦАТА МИ ГЛАДУВААТ – полусестрата на Георгина во солзи бара помош преку телевизија, таа не сака да чуе за неа, се срами од целото семејство!

БЕЗ ДЕНАР СУМ, А ДЕЦАТА МИ ГЛАДУВААТ – полусестрата на Георгина во солзи бара помош преку телевизија, таа не сака да чуе за неа, се срами од целото семејство!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригес живеат луксузен живот, а одредени интимни моменти споделуваат и со јавноста. Сепак, тоа не е случај со полусестрата на Георгина која јавно побара помош и соопшти дека не добива финансиска поддршка од неа.

Патриција Родригес откри дека живее без помош од нејзината полусестра Георгина. Како што истакна, веќе три години нема постојано живеалиште, додека Георгина живее луксузен живот, во скапи вили и постојано патувајќи низ светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Без денар сум и мојата полусестра не ми помага. Најмногу ме боли поради децата, не за мене. Јас можам да го истерам денот и со парче леб, но што е со нив? Тие се нејзини внуци. Воопшто не го очекував ова од неа“, призна Патриција за шпанската телевизија Socialite.

Оваа 33-годишна жена истакна дека понекогаш има колку да купи храна и плати кирија, дека се бори за да преживее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Односот со Георгина е особено турбулентен по смртта на нивниот татко во 2019 година, а Патриција откри дека полусестрата целосно ги „исфрлила“ од животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Таа јавно се обрати на Георгина и ѝ порача:

„Георгина, ми треба помош, ти си моја сестра. Знам дека немаш никаква обврска или одговорност, но бидејќи ги поддржуваш другите и си толку добра кон нив, барем биди таква и со твоите внуци. Ако не сакаш мене да ми помогнеш, барем ним помогни им“, изјави очајно Патриција.

Двете полусестри се од ист татко, а од различни мајки. Откако мајката на Патриција починала, дошла да живее со таткото и полусестрите. Пред неколку години, во едно од првите интервјуа за медиумите, изјави дека отсекогаш се чувствувала „одвоено“ од нив.

Не е првпат блиските роднини на Георгина да се жалат од нејзиниот однос.

„Се срами од семејството и веројатно смета дека е подобра од нас, бидејќи не живееме луксузен живот како неа“, изјави нејзиниот чичко Хесус Ернандес.

Најнови вести