Војводата од Сасекс тукушто пристигна во Балморал, неколку часа по неговиот брат Вилијам и принцовите Ендру и Едвард, а поради смртта на неговата баба, кралицата Елизабета Втора.
Принцот Хари ќе им се придружи на другите членови на кралското семејство додека тагуваат за смртта на кралицата, која почина рано попладнево.
Неговата сопруга Меган не допатува со него во Шкотска.