понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Братот на Рада Манојловиќ откри: Еднаш во три години се гледам со сестра ми, а еве што му порача на нејзиното момче Харис (ФОТО)

Братот на Рада Манојловиќ откри: Еднаш во три години се гледам со сестра ми, а еве што му порача на нејзиното момче Харис (ФОТО)

Пејачот Ненад Манојловиќ призна дека ретко се гледа со неговата сестра и тоа еднаш во три години, но дека има добро мислење за нејзиното момче и дека сака тие двајца да се земат.

Имено братот на Рада Манојловиќ вели дека не се консултира со неговата сестра кога е во прашање музиката и признава дека му се допаѓа нејзиното момче Харис Берковиќ и дека сака Рада да се омажи за него.

-Ако тој за неа е добро момче, мене ми е уште подобар, тој е млад и убаво пее. Пред него е целата кариера, а ако биде мудар и паметен може многу убаво да го искористи тоа. Двајцата ми беа на свадба неодамна, вели Ненад братот на Рада кој во секој момент очекува и дете.

Тој проговори и зошто не се гледа толку често со сестра му.

-Рада и јас сме дијаметрално спротивни, се гледаме еднаш во три години. Ретко се слушаме, она е една од најпозитивните пејачки на естрадата и ја сфаќам дека е зафатена, вели пејачот.

Тој додава дека ниту со татко им не се гледа толку често и не комуницира претерано многу.

Најнови вести