петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца: Мојата Анастасија 5-от роденден го славеше и без мајка и без татко, а болката е поголема бидејќи таа тоа го памети

Цеца: Мојата Анастасија 5-от роденден го славеше и без мајка и без татко, а болката е поголема бидејќи таа тоа го памети

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ за српските медиуми откри детали од најмрачниот период во нејзиниот живот кога лежеше во затвор и кога беше во домашен притвор.

Цеца имено во 2003 година доби затворска казна поради чување на големо количество на оружје без дозвола, но и поради проневера на пари во фудбалскиот клуб ФК Обилиќ.

-По притворот јас добив голема неправда, на никого во животот не му го посакувам тоа, ниту на најголемиот непријател не му го посакувам. Никој не ја знаеше вистината за семејството и пријателите, што тука се случуваше, вели таа.

Цеца додава дека најтешко во тој период и паднало што не можела да биде покрај својата ќерка Анастасија за нејзиниот петти роденден.

-Анастасија го славеше својот петти роденден, а покрај себе немаше ниту татко, ниту мајка, ниту тетка. Тоа засекогаш ќе го паметам, но не е проблем бидејќи јас ќе го запомнам, поголем проблем е бидејќи таа памти.

Најнови вести