петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца уште пред неколку недели откри дека веќе не се заедно, но никој не го забележа тоа – нејзините зборови дури денес имаат значење

Цеца уште пред неколку недели откри дека веќе не се заедно, но никој не го забележа тоа – нејзините зборови дури денес имаат значење

Веста дека пејачката Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ ставиле точка на нивната врска долга повеќе од година дена, ја разбуди јавноста, а двајцата порачаа дека тие остануваат добри пријатели.

Цеца пред неколку недели отворено ја коментирала нивната врска…

– Тешко дека мене нешто сега може да ме смени, јас сум формирана личност, па така и тој. Нашата врска се базира на љубов, доверба и компромис, бидејќи без компромис не се може, не постои едносмерна улица. Зрела сум, стабилна личност, тој е исто таков човек и нас не ни е тешко да функционираме. Тој одлично знае со кого е во врска, исто така јас знам што сака тој, а тоа ми се допаѓа и многу ми е убаво. Мирна сум, среќна и задоволна, а тој мир нема цена – рекла Цеца за „Пинк“.

Најнови вести