Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ овие денови ужива на заслужениот одмор во вилата на Кипар.
На одморот пејачката е заедно со својата сестра Лидија, по што медиумите го нарекоа „женски“ одмор иако се шпекулираше дека таа е замината со момчето.
Имено Цеца традиционално како и секоја година најде време да замине во својата вила на Кипар која како што откри ја отплаќа на кредит, а вели и дека таму ќе остане до почетокот на јули по што ќе се врати поради музичките ангажмани.
-Уживам и одлично се одмарам. Ги полнам батериите за настапите кои ме очекуваат, вели Цеца за српските медиуми.
Таа додава дека најмногу и недостасува Жељко, но и дека наскоро ќе дојде и тој.
-Ми недостасува Жељко, но се радувам што наскоро ќе дојдат, ги очекувам овие денови да ми се придружат. Ви праќам бакнежи и поздрави од Кипар, изјавила пејачката.