Поранешната стриптизета Кери Рајхард, од Лас Вегас, ќе ги продава боксерките кои му ги земала на принцот Хари додека биле заедно. За „Мирор“ сподели детали од нивната средба во 2012 година, кога излегле заедно во Градот на гревовите.
„Беше многу отворен и забавен. Имаше 27 години и јас го бакнав. Се напивме неколку пијачки и се забавувавме. Немаше ништо романтично“, рече Кери која додаде дека Хари бил вистински џентлмен, но и дека во тоа време бил многу изморен.
„Алкохолот влијаеше на него. Со него бев околу 15 до 20 минути“, додаде таа.
Кога дошла во неговиот луксузен апартман во одморалиштето Wynn во Лас Вегас, го затекла со гитара и знак за базен. Забавата била одлична, а за тоа потврдуваат и фотографиите објавени во светските магазини. На нив Хари бил гол и се забавувал со жена во бикини.
Рајхард, која сега се вика Кери Ројал, рече дека Хари ѝ ги дал боксерките што ги носел. Поранешната стриптизета сега сака да заработи од нив, па ги стави на аукција заедно со фустанот и костимот за капење кој го носела.
Сега се надева дека ќе заработи околу еден милион евра од некој колекционер кој е луд по кралското семејство или принцот Хари.
„Хари стана многу досаден и тоа е вистинска штета. Сите го сакаа додека се забавуваше во Вегас. Имаше чувство за забава. Барем овие боксерки ќе бидат потсетник за тоа каков принц бил додека се забавувал“, рече нејзиниот портпарол за британските медиуми и додал:
„Штета што овие денови е депресивен и сериозен. Дури и како оженет татко на две деца, сепак мислам дека треба да ја пушти косата одвреме на време, или барем она што остана од неа“.
За забавата на Хари и Кери се пишуваше со месеци, а Хари не издржа а да не прозбори па се раскажа во подкастот Armchair Expert на Дакс Шепард, коментирајќи дека тоа се случило непосредно пред да замине за Авганистан.