Таткото на Дарко Лазиќ, Милан почина вчера откако не ја издржа операцијата за стеснување на желудникот.
Пејачот по оваа трагедија не може да се помири, а на својот Инстаграм профил сподели и црна фотографија во знак на загубата на својот татко.
View this post on Instagram
Неговиот татко инаку исто така се занимаваше со музика и свирел хармоника, а во минатото пејачот често објавуваше и видеа како свират заедно со него.
Тој едно такво видео сподели со своите фанови вчера со што покажа дека бескрајно ќе му недостасува.