вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ДЛАБОК ШЛИЦ И ЧАНТА ОД 3.500 ЕВРА – ова е повторно старата Анастасија, ќерката на Цеца во провокативно издание, а нејзиното момче не можеше да се воздржи (ФОТО)

ДЛАБОК ШЛИЦ И ЧАНТА ОД 3.500 ЕВРА – ова е повторно старата Анастасија, ќерката на Цеца во провокативно издание, а нејзиното момче не можеше да се воздржи (ФОТО)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ деновиве престојува во Севиља со своето момче Немања Гудеља од каде често се огласува. Претходните денови двајцата беа на Ибица, каде доста уживаа, одеа на романтични вечери, излегуваа, а сега пејачката се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и покажа како го поминуваат времето.

Популарната пејачка сега му се врати на секојдневието, па моментално престојува во Севиља каде живее со своето момче фудбалер.

Таа на социјалните мрежи објави фотографија од забавата со која ги воодушеви своите следбеници.

Анастасија за оваа пригода избрала летен свилен фустан со длабок шлиц и цветни детали, со голи рамена, а чантата што ја носела е познат светски бренд и чини околу 3.500 евра.

Нејзиниот летен изглед предизвика бројни позитивни коментари, па фановите го пофалија изгледот на Анастасија.

Таа ја усогласила чантата со деталите на фустанот, па така целиот стајлинг беше одлично искомбиниран. Меѓутоа, додека седела и ги прекрстила нозете, шлицот се покажал премногу, а Немања прв напишал коментар под објавата.

Гудел и оставил емотикон за бубамара, како што обично ја нарекува и фотоапарат, а Ражнатовиќ му одговорила: „Најдобриот фотограф на светот!“.

Најнови вести