По интервјуто со Опра Винфри, се крена многу прашина. Меган Маркл и принцот Хари изнесоа шокантните детали и го испрозиваа кралското семејство за напуштањето на Англија.
Јавноста тогаш со нетрпение ја очекуваше реакцијата на членовите на семејството. И принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, се фотографирани како се многу расположени но и бесни, а папараците конечно успеале да го фотографираат принцот Хари.
Тој бил фотографиран на улиците на Калифорнија додека возел велосипед. Тој, како и секогаш, бил придружуван од обезбедувањето и го покрил лицето со маска и очила.
Дури и зад маската може да се насети дека е опуштен, тој изгледа смирено, за разлика од другите членови.