Леонардо Бонучи полека влегува во препознатливата форма откако се врати во редовите на Јувентус, но покрај добрите игри на теренот, стоперот на Јувентус доживува убави моменти и во приватниот живот.
По животната драма и проблемите кои ги имаше со својот помал син, Бонучи сега соопшто една навистина прекрасна вест преку социјалните мрежи, доловувајќи и го на јавноста екографскиот тест кој бил направен врз неговата сопруга Мартина.
Дефанзивецот на Јувентус со емотивна порака откри дека ќе стане татко по трет пат, а во пораката која има наслов „дојде во вистинско време“ нагласува дека овојпат ќе добие девојче по двата сина Лоренцо и Матео.