Миодраг Драгичевиќ стана татко, а неговата сопруга, актерката Оливера Бачиќ, роди здраво бебе.
Двојката е воодушевена, а како што пишуваат тамошните медиуми, семејната среќа ја зголемила едно слатко девојче.
View this post on Instagram
Оља и Миодраг се венчаа минатиот месец во Белград, на интимна семејна церемонија. По црквата и граѓанската венчавка, парот најубавиот ден го прослави со членовите на семејството во еден белградски ресторан.
На прославата присуствуваа и сестрата на Миодраг, Тамара Драгичевиќ и нејзиниот сопруг Петар Бенчина, кои ја добија оваа радосна вест за раѓањето во далечното Чикаго, кои што се таму поради американската премиера на филмот „Тома“.
Пресреќната тетка Тамара со ентузијазам ја сподели најубавата семејна вест со своите следбеници и потврди дека се родило девојче.
– Василија, те сакам, го откри Тамара името на новиот и најслаткиот член на семејството.