Имено српската пејачка Гоца Тржан во екот на дочекот на најлудата ноќ вчера на социјалните мрежи ги информираше своите фанови дека несреќно ја дочекува новата година откако доживеала сообраќајна несреќа.
-2017 ја испраќам со искршен автомобил бидејќи на автопат удрив куче (душата ме боли) Браво за службите кои ги одржуваат патиштата! Среќа главата ни е на рамена и ни еден дел од нашето тело не ни е скршен. На здравје, напиша пејачката.
А по ова денес следуваше нова објава на пејачката во која таа напиша дека на неа Новата година и донесе пет бебиња.
-Нашата мајка ни донесе момчиња и девојчиња, среќна сум, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.