Српското МВР ја забрани прошетката во рамки на Европрајд 2022 во Белград по досега планираната рута, а своето незадоволство од ваквата одлука го покажа и пејачката Едита Арадиновиќ со објава на Инстаграм, по што доби срамни навреди и морничави закани.
– Парадата на Гордоста е забранета од полицијата – гласи објавата што ја сподели Едита и додаде нејзин коментар: „Баш ужас!“.
Набргу по нејзината објава, пејачката доби низа монструозни навреди од корисник на Инстаграм.
-Мајката да ти ја е*** сатанистичка, оди на запад со останатите ѓубриња! Кожата треба да ви се откорне – се морничавите пораки кои ги доби пејачката по нејзината објава за Еуропрајд.
Таа ги сподели на својата приказна на Инстаграм, а подоцна им се обрати на сите:
„А сите што навредуваат, се закануваат, знаете какво влијание имаат половина милион следбеници? Вашиот профил ќе исчезне, пациенти“!