Српската пејачка Александра Младеновиќ доживеа вистинска драма изминатава недела кога нејзиното поранешно момче и се закани дека ќе ја убие и ќе се самоубие по нивното раскинување.
Медиумите објавија дека тој потоа дошол, викал и кршел во нејзиниот стан, а претходно и ги земал и парите и се коцкал со нив. А откако таа го пријавила во полиција, полицајците го чуваа нејзиниот стан и тој бил екстрадиран во Босна и Херцеговина и му е забранет влез во Србија.
Сепак, пејачката немала лоши односи со сите поранешни момчиња во минатото, со некои останала дури и во пријателски односи, а следната фотографија е доказ за тоа.
Младеновиќ била во друштво на Урош Живковиќ кој воедно и е колега на пејачката, но и поранешно момче.
Таа во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека би се смирила со Урош кој важи за пејач кој го посакуваат сите колешки на естрадата.