петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Едвај преживеав“ – Дејан Миличевиќ се огласи по тешката агонија поради коронавирусот

„Едвај преживеав“ – Дејан Миличевиќ се огласи по тешката агонија поради коронавирусот

Добро познатиот  режисер и моден фотограф Дејан Миличевиќ минува низ агонија. Тој цели две недели се бори против злото наречено коронавирус.

Српските медиуми пишуваат дека ситуацијата воопшто не била наивна бидејќи неговиот живот дури и висеше на конец.

Две недели лежел во болницата, за конечно да има барем мало подобрување во неговата здравствена состојба.

-Едвај преживеав. Коронавирус и воспаление на двата бели дробови. Сега е малку подобро и излегувам за седум дена, рече тој за српските медиуми.

Апелира до луѓето да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките затоа што секому може да се случи.

-Јас го добив вирусот од другарка која ме бакна после долго отсуство. Таа не знаеше дека е позитивна на коронавирус бидејќи немаше симптоми. Беше ужасно, две недели температура и поддршка од кислород, но благодарение на професионалните лекари и медицински сестри, животот ми се спаси. Дури сега се опоравувам, додаде тој.

Дејан во 2018-та година имаше тежок мозочен удар, а три години претходно исто така заврши во болница поради операција на простата.

 

Најнови вести