Актерката Ен Хеч (53) се бори за живот откако паднал во кома по тешката сообраќајна несреќа која во петокот на доживеала во Лос Анџелес.
Нејзиниот претставник за медиуми изјавил пред два дена дека состојбата на актерката е стабилна, но очигледно дошло до промена, според пишувањата на Page Six.
-Набрзо по несреќата, Ен Хеч остана без свест и падна во кома. Има значајна повреда на белите дробови која бара механичка вентилација, а нејзините изгореници бараат хируршка интервенција, вели нејзиниот портпарол.
Полицијата верува дека Хеч можеби била под дејство на алкохол кога со својот син Мини Купер удрила во куќа во ЛА, предизвикувајќи голем пожар.
Истрагата е во тек до резултати од крвната анализа. Ако се покаже дека Ен била со алкохолизирана состојба, актерката би можела да биде обвинета за прекршок, судир и бегство, изјавиле од полицијата.
По ударот со автомобилот, возилото и куќата се запалиле, а актерката била извлечена со изгореници. Несреќата предизвикала голем пожар, а биле потребни 65 минути за да 59 пожарникари пристапат, го ограничат и целосно го изгаснат пожарот.
Медиумите пишуваат дека Ен избегала од друга несреќа пред да се забие со возилото во гаража.