Пред неколку дена во српските медиуми како „бомба“ одекна веста дека ќерката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија е во среќна врска со фудбалерот на шпанска Севиља, Немања Гудељ.
Анастасија неколку дена беше во Шпанија, а во моментов таа ја напушти Севиља.
Судејќи по нејзиниот Инстаграм таа од Севиља допатувала во Белград, но не се задржала многу време. Од српската престолнина пејачката со својата пријателка отпатувала за Рим, од каде почна да постира на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Како што пишуваат српските медиуми, младиот пар го чека крајот на фудбалската сезона, кога Немања треба да дојде во Србија и да го запознае семејството Ражнатовиќ.