Сите воздивнуваа на изгледот на Џенифер Лопез кога таа се појави на промоцијата по повод втората сезона од шоуто World of Dance.
48-годишната пејачка облече бело кратко фустанче со Jimmy Choo сандали, кои создадоа ефект на совршени долги нозе.
Собраната коса и го затегна лицето и ја направи можеби две децении помлада.
Ова фустанче би стоело добро само на тело доведено до совршенство, какво што всушност има Џеј-Ло.
Со својот природен сексапил, таа знае како да носи вакви креации, нешто што ни двојно помладите колешки не можат да го направат.