вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Гвардиола во тајна врска со девојката на Пике, тврдат шпанските медиуми, фановите велат, „тоа му е карма!“

ФОТО: Гвардиола во тајна врска со девојката на Пике, тврдат шпанските медиуми, фановите велат, „тоа му е карма!“

Според Спорт, Клара Марти не му била верна на Пике и имала тајна врска со Пеп Гвардиола. Оние кои се радуваат на оваа вест се фановите на Шакира кои велат дека Пике го заслужил сето ова.

На сите им е познато дека фудбалерот Жерар Пике (36) и пејачката Шакира (46) ставија крај на долгогодишната врска во која добија два сина Милан (8) и Саша (6). Шпанскиот дефанзивец, кој потоа ја изневери својата партнерка, не покажа многу каење за своите постапки откако Шакира дозна дека ја изневерувал со студентката Клара Марти (23).

Сепак, според Спорт, Клара не му била верна на Пике и имала тајна врска со Пеп Гвардиола (52), поранешниот тренер на ФК Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afrogazette News (@realafrogazette)

Се вели и дека Гвардиола ја познава Клара затоа што неговите деца оделе во исто училиште во кое одела и таа.

Овој љубовен триаголник никој не можеше да го замисли, но фановите пишуваат дека никој не се сомневал дека Пике може да ја изневери Шакира, па токму тоа и се случило, а се шпекулира дека аферата на студентката со неговиот поранешен тренер била одмазда на Пике, кој бил со млада адвокатка зад нејзиниот грб.

Се чини дека меѓу Клара и Пике нема никакви проблеми на социјалните мрежи, но познато е дека светот на интернетот ретко ја претставува реалноста. Во врска со ова, фудбалерот зборуваше за лошите коментари и потребата од одобрување на врската со Клара Чиа Марти во интервјуто со Херардо Ромеро на почетокот на оваа недела и искажа како – многу тешко – се справил со тоа.

– Во каков свет живееме? Со филтри на Инстаграм за да изгледаме подобро… Оставете ги луѓето да прават што сакаат. Едноставно луѓето не го разбираат тоа – рече тој и потоа го сврте вниманието на медиумите кон неговиот личен живот и го бранеше својот став велејќи дека секој има право да го живее животот по свои правила.

– Родени сме да правиме што сакаме. Ако некој не се согласува, не ми е гајле. Ако си познат, тие се обидуваат да ти ги најдат маните. Ако сте успешни, тоа е затоа што имате многу пари. Ако не сте познати, вие сте неуспешни. Секогаш е исто. Живеј го својот живот – заклучи тој.

Најнови вести