сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Краток, тесен фустан кој никого не остава рамнодушен: Георгина Родригез го прекрши кодексот на облекување во Саудиска Арабија

ФОТО: Краток, тесен фустан кој никого не остава рамнодушен: Георгина Родригез го прекрши кодексот на облекување во Саудиска Арабија

По преселувањето во Саудиска Арабија, Георгина Родригез го прекрши кодексот на облекување кој треба да се почитува во оваа земја.

Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографии од ресторан. Родригез одлучила да облече краток тесен фустан. Меѓутоа, правилото им наложува на жените да се облекуваат „скромно и пристојно“, што значи дека не смеат да носат проѕирна, кратка или тесна облека.

Оние кои живеат во Саудиска Арабија треба да носат и абаја – традиционална арапска облека што личи на наметка – во јавност. Георгина веќе ја носеше на натпреварите на Светското првенство во Катар и на пречекот на Роналдо во неговиот нов клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Како што е веќе познато, строго е забранет увозот и консумирањето на алкохол и производи од свинско месо, а забрането е и јадење, пиење или пушење на јавни места во текот на месец Рамазан.

За потсетување, Роналдо и Георгина не се во брак, а во Саудиска Арабија исто така не е дозволено невенчана двојка да живее заедно. Сепак, властите би можеле да ги игнорираат прекршувањата, со оглед на тоа што Роналдо е планетарно популарна ѕвезда.

Најнови вести