На Канскиот фестивал оваа година дамите повторно дадоа се од себе да ги воодушеват модните експерти, а најголемо внимание сепак привлече вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина. Меѓутоа, причината не е убава.
Имено, познавачите на модата едногласно се согласија дека ова е една модна утка на овогодинешниот фестивал.
Иако се нашла на мета на критики, Георгина гордо позирала во кафеавиот фустан кој ги истакна нејзините облини. Кожените детали, длабокиот шлиц и дијамантскиот накит, ништо од тоа не беше доволно добро за да остави впечаток овој пат.